Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, смета дека Пари Сен Жермен е фаворит во претстојниот дуел на двата тима во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но сепак е ентузијаст по настапот на Каталонците против Наполи во осминафиналето.
„Секако дека улогата на фаворит е на страната на ПСЖ. Имаме повеќе успеси во Европа од нив, но тие се во многу подобра финансиска состојба од нас. Но, само со ентузијазам, желба и соништа не можат да не победат,“ изјави тренерот на Барса.
Додаде дека ПСЖ е еден од најтешките противници со кои би можеле да се соочат и дека тренерот Луис Енрике е брилијантен, а неговиот тим добро трениран.
„Да покажеме дека можеме да се избориме со еден од најсилните состави во Европа,“ посака Чави.
Сепак, има време до дуелите со парижаните, а претходно Барса има гостување кај Атлетико Мадрид во средба од последното коло во Ла Лига пред паузата. Натпреварот е во недела навечер на „Метрополитано“ и доаѓа неколку дена по успесите на двете екипи во осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Двете екипи влегуваат во натпреварот емотивно наполнети, бидејќи нашата самодоверба е поголема. Против Интер, Атлетико преживеа физичка војна – продолженија, па пенали. Но, за нас лично, поради ситуацијата во поредокот во Ла Лига, ова дерби сега ќе биде од големо значење како и секој друг натпревар. Сигурно ќе ни биде тешко. Атлетико нема пораз на својот стадион од нашето последно гостување таму минатата сезона, што е доказ за тоа колку е тешко да се дојде до трите бода таму,“ додаде Чави.