Селин Дион проговори за нејзината болест

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Селин Дион се огласи на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на подигање на свеста за СПС, синдром на вкочането лице, од кој и самата боледува.

„Како што многумина од вас знаат, ми беше дијагностициран синдром на вкочането лице (СПС) во есента 2022 година. Обидот да го надминам ова автоимуно нарушување беше едно од најтешките искуства во мојот живот, но останувам решена еден ден да се вратам на сцената и да живеам што е можно понормален живот. Длабоко сум благодарна за љубовта и поддршката на моите деца, семејството, тимот и сите вас“, изјави музичката дива.

„Сакам да испратам поддршка до сите ширум светот кои се погодени од СПС. Сакам да знаете дека можете да го направите тоа! Ние можеме да го направиме тоа!“ заклучи таа.

За потсетување, пејачката поради болест го откажа европскиот дел од турнејата „Courage“.

Слични содржини