Руската опозиција го повтори повикот на протестот „Напладне против Путин“

Протестот „Напладне против Путин“ првично беше промовиран од починатиот опозициски активист Алексеј Навални пред неговата смрт. 

од Бети Божиноска
282 прегледи

Руските опозиционери повторно ги повикаа гласачите со право на глас да се приклучат на протестот „Напладне против Путин“ на избирачките места низ земјата денеска, на последниот ден од гласањето на тридневните претседателски избори во Русија, пренесува „Дојче Веле“.

Од гласачите се бара точно напладне да ги преполнат избирачките места во сите 11 временски зони на Русија за да протестираат без да се загрозат себеси со прекршување на строгиот закон за протести наместнат од Москва.

Многу протести избија откако во петокот почнаа претседателските избори во Русија, на кои претседателот Владимир Путин со голема сигурносѕ ќе победи. Беа извршени неколку апсења, вклучително и на Руси обвинети за истурање боја во гласачките кутии и за подметнување пожари.

Протестната иницијатива првпат беше најавена од сека починатиот опозициски активист Алексеј Навални, пред неговата смрт во излорианата казнена колонија на Арктикот минатиот месец. Во објавите на социјалните мрежи на 1 февруари, Навални го опиша протестот како „легален и безбеден“ и ги повика сите противници на Путин да се приклучат.

„Акцијата „Напладне против Путин“ совршено ги обединува сите компоненти. Гласање, агитација, физичко присуство и солидарност со оние кои во тој момент ќе бидат со вас на избирачкото место“, напиша тогаш Навални.

Неговата вдовица, Јулија Навалнаја, го повтори неговиот повик, повикувајќи ги демонстрантите да се појават во голем број во исто време за да ги преполнат избирачките места. Таа ги повика демонстрантите или да ги направат гласачките ливчиња неважечки со пишување „Навални“ на нив или да гласаат за сите други кандидати освен за Путин.

Иницијативата „Напладне против Путин“ објави на својот профил на „Телеграм“ фотографии од толпи кои се редат да гласаат, велејќи дека протестите веќе се одржуваат. Споделени беа фотографии на кои се гледаат толпи гласачи во Новосибирск и Екатеринбург.

„Да, некои од нас се исплашени. Да, изборот не е лесен. Но, ние сме народот. И ќе се носиме и со изборот и со одговорноста“, напиша иницијативата во пресрет на протестот.

Русија има повеќе од 114 милиони граѓани со право на глас, меѓу кои и гласачите од четирите територии кои незаконски ги анектираше од Украина во 2022 година. Според рускиот Централен изборен комитет, до саботата вечерта на гласање излегле повеќе од 63 милиони гласачи.

 

Слични содржини