СДС и Ковачевски се кумови на непотизмот. На седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од 1 евро за метар квадратен.
Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош.
Партијата која произвела таков непотизам треба да се сокрие и да се срами од народот, кој со години со ограбува.
Исто времено добро би било да одговорат како ВМРО-ДПМНЕ фатило врски за вработување на една од посочените во училиштето Кочо Рацин во општина Центар во Скопје, кое е под надлежност на Горан Герасимовски од СДС?
Дали Ковачевски, Кузеска или некој од СДС му се јавиле на Герасимовски и прашале како тој лобирал една од посочените на пресконференцијата на СДС за непотизам во Охрид да биде вработена во институција со која тој раководи? Дали СДС знае што зборува или можеби станува збор за некаков внатрешен судир и пресметка?
Навистина е жално што СДС и на празникот Прочка решија да ги сквернават чувствата на граѓаните и да шират лаги и да манипулираат.
Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ