Бајдевски: Посветени сме на изнаоѓање на механизми коишто ќе ја унапредат работата на администрацијата

Она што како министерство го работиме и сме посветени е да изнајдеме механизми, активности коишто ќе ја унапредат работата и на администрацијата, истакна тој.

од Бети Божиноска
331 прегледи

„Добро е кога имаме анкети и анализи, од чиста причина да се види каква била состојбата во минатото, а каква е сега и што треба да се преземе во наредниот период. Министерството за информатичко општество и администрација не е насочено кон давање на услуги меѓутоа е должно да ја креира политиката во областа на повеќе важни теми. Едната е администрација, втората е дигитализација, дигитално општество, медиумите и комуникациите. Она што како министерство го работиме и сме посветени е да изнајдеме механизми, активности коишто ќе ја унапредат работата и на администрацијата, што на крајот на денот е најважно за граѓаните и бизнисните, што поквалитетно да ги добиваат своите услуги“, изјави Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација во емисијата „Детектор“ на Сител телевизија.

Тој додаде дека лани била усвоена новата стратегија за реформа на јавна администрација, која е коминицирана и со Сигма.

„Во самата стратегија има конкретни мерки и активности како да дојдеме до посакуваната цел. Таму има четири столба. Првиот столб е креирање на политики и координација, вториот е човечки ресурси и јавна служба, третиот столб е одговорност и отчетност на самите институции и четвртиот столб е дигитализацијата, столб којшто е многу важен за да обезбедиме што поквалитетни услуги. Ние во минатото работевме на многу проекти, го воспоставивме централниот регистар,го направивме порталот за електронски услуги, мрежата за интероперабилност се надградува“, заклучи Бајдевски.

Слични содржини