285
Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател, Бујар Османи информира дека за две години од неговиот мандат протерал 17 руски дипломати од земјава, пренесува приштинска „Газета Експрес“.
Тој во гостувањето на емисијата „Политика“ истакнал дека само во последните две години 17 руски дипломати од Македонија биле прогласени за персона нон грата.
Министерот за надворешни работи ги образложил и споменатите одлуки во изминатите две години кога станува збор за руските дипломати во Скопје.
„Знаете ли зошто ги протерав? Затоа што ги фатив како директно комуницираат со луѓе во важни институции“, рекол Османи во гостувањето на емисијата.