Претседателката на Руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова а денеска ја поздрави „рекордна“ победа на Владимир Путин на претседателските избори, кој беше реизбран со 87,29 отсто од гласовите врз основа на 99,75 отсто од преброените ливчиња.
Памфилова, претседателката на изборната комисија, рече дека за актуелниот претседател гласале 75.948.438 гласачи.
Притоа истакна дека главната разлика меѓу овие и претходните избори се сајбер нападите, кои биле 150 пати повеќе од вообичаеното.
– Повеќе од 12 милиони сајбер напади од почетокот на кампањата за претседателските избори. Тоа е 150 пати повеќе од вообичаеното на изборите, рече Памфилова и додаде дека „во ова Западот беше пообединет од кога било против Русија“, пренесува РИА Новости.
Како што е познато претседателските избори во Русија траеја три дена: 15, 16 и 17 март.