Џафери за службените возила: Прописите се јасни за секој носител на јавна функција

од Nikola Popovski
227 прегледи

Со намерата да апострофирате со некои личности, веќе сте дале суд и што барате од мене да ви кажам? Прописите се јасни за секој носител на јавна функција во однос на користење на ресурсите. Во членот 8а и 8б од измените на Изборниот законик соодветно пропишува во кои ситуации какви ограничувања има, рече техничкиот премиер Талат Џафери за двете опомени од вицепремиерката Славица Грковска за користењето на службените возила од страна на министерот и вицепремиер Артан Груби.

Токму како предупредување, Грковска во текот на денот изјави дека како Кабинет испратиле отворено писмо до јавноста и сите политички субјекти, дека треба да водат сметка за јасно разграничување на партиските и државните активности и да нема злоупотреба на државни ресурси и капацитети за време на политичка кампања.

-Кога станува збор за опомените за користење на службените возила, освен во еден слулај, видлива е промената дека се внимава, уште повеќе што во нашиот Кабинет се јавуваат функционери за да се консултираат, дали доколку постапат некако и тие би го прекршиле етичкиот кодекс. Само за случајот со Артан Груби, сме дошле до ситуација,  заради две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, да испратиме допис до премиерот, кој што треба да одлучи која е мерката што ќе ја изрече. Треба да се најде законско решение, кажа вицепремиерката.

Пред две недели, ВМРО-ДПМНЕ упати критики и побара реакција од надлежните откако, како што велат, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ вршел партиски работи со службеното возило.

Слични содржини