Шамар од Брисел за двајцата претседатели: Запрен мега проектот на Вучиќ и Орбан

од Симе Стоиков
1,7K прегледи

Европа го блокираше големиот проект на Александар Вучиќ и Виктор Орбан, брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта, пишува Нова.рс.

Во Унгарија за ова се зборува долго време, но сега во Србија станува се појасно дека нивната модерна железничка линија, која со полна брзина напредува од Белград кон север, би можела да заврши сред Војводина.

Сериозни индиции дека проблемот постои се појавија есента 2023 година, кога унгарските медиуми објавија дека кинеските изведувачи не можат да градат согласно европските стандарди, пишува Нова.рс. Во февруари пристигна информација дека дел од работите кај Будимпешта се прекинати

Работите беа практично само во предградијата на главниот унгарски град. На српскиот дел од делницата се работи многу, забележува порталот, но тешко дека наскоро ќе се остварат најавите за двоиполчасовното патување меѓу двата главни града.

Се чини дека проблеми има секаде, освен во Србија. Наводно Кинезите се откажуваат од проектот, а незадоволни се и Унгарците. Имено, проблемот е што кинеските градежници не знаат како да го имплементираат европскиот систем за осигурување и контрола на возовите. Наводно, германски компании им понудиле помош за тој дел од работата, но Пекинг одбил.

Унгарските власти не даваат изјава, но медиумите пренесуваат стравувања во јавноста дека Унгарија ќе остане во сообраќајниот метеж во Европа поради проектот.

Имено, Кинезите би можеле да го завршат проектот користејќи ги нивните стандарди и да ја стават во функција пругата со поврзување на делницата во Србија, но таа траса не би можела да се поврзе со остатокот од европската мрежа. Ова е причината зошто ЕУ може да се сврти кон рутите преку Словенија и Хрватска.

Слични содржини