Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска соопшти дека Европската унија го поддржува целосното спроведување на Заедничкиот пазар на Западен Балкан (ЦРМ).
„Се сретнав со специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Зарацин, разговаравме за агендата на следниот Самит на Берлинскиот процес. Нашата цел е на преговарачка маса да разговараме за постепена интеграција на регионот во единствениот пазар на ЕУ,“ напиша Вархеји на „Х“.
We support the full implementation of the #WesternBalkans #CRM
Welcomed 🇩🇪@ManuelSarrazin & discussed the agenda of next Berlin Process Summit.
We aim to bring vital economic issues to the negotiating table supporting the region’s gradual integration with the EU Single Market. pic.twitter.com/aqLPhWRUBh
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) March 19, 2024
Тој додаде дека и со задоволство разменил мислења со британскиот амбасадор во Европската унија, Линдзи Еплби, за поддршката за Украина, Западен Балкан и ситуацијата во Газа.