Доналн Трамп: Нека ги користат, баш ми е гајле

од Симе Стоиков
389 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека САД ќе останат во НАТО под неговото потенцијално ново раководство доколку земјите од Европската унија „правично се однесуваат кон Америка“.

Во ексклузивното интервју што го даде за Најџел Фараж, водителот на британската ТВ ГБ Њус и поранешен лидер на партијата Брегзит, кој е еден од неговите сојузници во Европа, Трамп ги нападна земјите од ЕУ за „експлоатација“ на САД и им нареди да „платат за да ја гарантираат нивната поддршка од Вашингтон.

Фараж потсети на изјавите на Трамп за време на претседателските посети на Брисел дека „Русите можат да прават што сакаат ако тие земји не платат“, што тој го повтори неодамна, при што британскиот водител забележа дека тие изјави сега се користат против поранешниот шеф на Белата куќа.

– Нека ги користат, баш ми е гајле дали ги користат. Затоа што ова за што зборувам е форма на преговарање. Зошто да ги заштитиме оние земји кои имаат многу пари, додека САД плаќаат за мнозинството во НАТО? – рече Трамп.

Тој рече дека тоа го кажал на средбите во Брисел на кои присуствувал како претседател и тоа имало ефект.

-Тогаш повторно престанаа да плаќаат. Но, сега плаќаат поради моите коментари што ги видовте пред две, три недели, не знам дали го знаете тоа, но пристигнаа многу пари откако ги дадов тие (нови) коментари – рече Трамп.

Слични содржини