Американскиот Стејт департмент вчера даде зелено светло за потенцијална продажба на 50 тенкови М1А2 Абрамс на Бахреин.
Така, Бахреин останува единствената земја од Персискиот Залив што јавно ги поддржува САД во нивните воени операции за да ги спречат нападите на Хутите од Јемен во Црвеното Море и се смета за „главен сојузник на Америка која не е членка на НАТО“ во тој регион, пренесува Телетрадер.
Потенцијалниот договор за продажба ќе вклучува и службени возила, подвижни мостови и митралези заедно со друга опрема, за вкупно 2,2 милијарди долари.
„Предложената продажба на оружје ќе го зголеми капацитетот на Бахреин да се соочи со сегашните и идните закани со тоа што ќе му обезбеди средства за одвраќање на непријателите и способност да учествува во регионалните операции заедно со САД и другите земји партнери на САД. Бахреин нема да има проблем да ја воведе оваа опрема во нејзините вооружени сили“, соопшти американската агенција за одбранбена соработка.