Да биде притворен, да бидеш во домашен притвор, да преживееш тешка болест и да те почестат граѓаните од Карпош да те вратат повторно на власт и да се занимаваш со криминал или корупција, треба нешто да ги фали во мозокот. Најодговорно дека мојата функција сум ја извршувал најчесно и најсовесно согласно сите кодекси како треба да се однесува еден градоначалник, рече денеска градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат, Стевче Јакимовски после ставањето на црната листа на САД.
Тој денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител поради последните актуелности. Тврди дека не му е сеедно што тој и неговото семејство се на иста листа, на која бил Осама Бин Ладен и претставници на ИСИС.
Вели дека е човек со достоинство и чест, но нема да им попушти „на сите што се организирале и направиле грубо мешање во изборот на претседател во Македонија“.
-Побарав средба во Обвинителството бидејќи имам да им соопштам одредени сознанија што ги имам. Јас сум длабоко убеден дека ова не е од истражни органи, дека ова не е од претставници на Амбасадата и официјалната американска политика туку е од македонски кодоши кои што се впуштени во овие нечесни игри и кои цело време суфлираат кој е тој што треба да се најде на црна листа, без при тоа да има какви било истраги и докази, туку по наратив кој што тие ќе го создадат во јавност дека овој е кримиланец итн, кажа Јакимовски пред присутните новинари.
-Не можам да обвинам политички партии. Има луѓе кои се продолжени раце на странски разузнавачки служби и ова подолго време го прават, создавајќи штета, додаде градоначалникот.