Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, кој неодамна беше осуден за силување, наскоро може да биде ослободен штом плати кауција од милион евра.
Тие пари, според шпанските медиуми, ќе ги плати лично таткото на неговиот пријател и поранешен репрезентативец Нејмар.
Секако, зад оваа дарежлива помош на пријател стои фудбалерот на Ал Хилал.
Судот во Барселона во средата пресуди дека Алвеш практично може да си купи слобода, поточно да си го исплати остатокот од казната, откако легендата на Блауграна отслужи четвртина од четири и полгодишната казна поради силување.
Условите за ослободување од затвор на Алвеш вклучуваат предавање на бразилскиот и шпанскиот пасош за да не може да ја напушти Шпанија.Тој исто така ќе треба да се јавува на суд секоја недела.
Неколку извори потврдија за каталонскиот весник „Ла Вангардија“ дека кауцијата ќе ја плати Нејмар сениор.
Нејмар и неговиот татко веќе еднаш му дошле на помош на Алвеш за време на неговиот престој во затвор, платиле и 150.000 евра за обештетување на жртвата на силување, бидејќи сметките на Алвеш биле замрзнати.
Со таа сума Алвеш успеа да добие минимална казна од четири и пол години, па практично, успеа да дојде во позиција да го исплати остатокот од казната.
Нејмар и Алвеш се долги години пријатели, едно време беа соиграчи неколку години во Барселона, па во репрезентацијата, а играа и за Пари Сен Жермен.