Брнабиќ по изворот на претседател на парламентот: За мене оваа функција е чест и привилегија

од Бети Божиноска
703 прегледи

Новоизбраната претседателка на српското Национално собрание Ане Брнабиќ изјави денеска дека изборот на новата функција е голема чест, привилегија и обврска за неа да продолжи да работи за доброто на Србија и за нејзините граѓани, пренесува „Политика“.

„Благодарна сум им на народните пратеници за изборот за претседател на Народното собрание на Република Србија. За мене оваа позиција е голема чест, привилегија и обврска, како и досега, да продолжам да работам за благосостојбата, развојот и стабилноста на Србија и на сите нејзини граѓани. Да живее Србија!“, напиша Брнабиќ на својот Инстаграм профил „anabrnabic“.

Брнабиќ денеска со гласовите на 153 пратеници беше избрана за претседател на собранието на Србија, а против беа пет пратеници, јавува „Танјуг.“

За изборор на Брнабиќ гласаа пратениците кои влегоа во собранието од листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, Сојузот на војводинските Унгарци и партиите на националните малцинства.

На гласањето не присуствуваа пратениците на коалицијата „Србија не смее да запре“ и „НАДА“, а против беа или не присуствуваа пратениците на „Ние гласот на народот д-р Бранимир Несторовиќ“ и „Ние гласот на народот“.

Слични содржини