Османи сака да организира ифтар со противкандидатите, но без Ванковска и Јакимовски

од Nikola Popovski
220 прегледи

Кандитатот на ДУИ за претседател, Бујар Османи преку социјалните мрежи упати покана за заедничкиа ифтар вечера со политичките противници во претседателската трка. Меѓу поканетите, не се Билјана Ванковска од Левица и лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.

-На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател, објави Османи на социјалните мрежи.

ДИК треба да ги потврди седумте поднесени кандидатури за шеф на државата. Извесно е дека во трката влегуваат Пендаровски, Силјановска-Давкова, Османи, Таравари, Ванковска, Димитриевски и Јакимовски.

МВР има рок од 24 часа да провери дали кандидатите за иден шеф на државата ги исполнуваат условите, односно да се македонски државјани, да имаат наполнето 40 години и да престојувале во државата 10 од последните 15 години.

Дијаспората ќе може да гласа само за претседателските избори, бидејќи за парламентарните нема доволно пријави.

Слични содржини