Милевски: За жал, имаме играчи кои воопшто немаат минутажа, но навиканите сме на тоа

од Симе Стоиков
231 прегледи

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди на прес-конференција во тимската база во Анталија ги споделија своите очекувања спроти утрешниот контролен натпревар против Молдавија на стадионот „Мардан“.

„Секако дека можам да изразам задоволство од тоа што го видов овие три дена. За жал, Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари. Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот. За жал, имаме играчи кои воопшто немаат минутажа, но навиканите сме на тоа, изјави селекторот Благоја Милевски и притоа додаде:

„Најважно ми е да се здрави и физички подготвени, останатото што го покажуваат на собир, момците без разлика на натпреварувачката форма секогаш го даваат максимумот за Македонија. И овојпат не е ништо различно, сите се подготвени да одговорат на тоа што се бара од нив. Ќе ги искористиме максимално овие дуели и тие во јуни за да пробаме нови тактички варијанти.

Ќе ги пробаме некои играчи на нови позиции и ќе видиме како тоа ќе изгледа. Ќе ги искористиме натпреварите со Молдавија и Црна Гора да ги испробаме силите. Ќе дадеме минутажа на сите играчи, а ќе тестираме и нови варијанти.“

Слични содржини