500
Во новата епизода ни гостуваат двајца браќа со пасија за здрав начин на живот преку спорт и исхрана.
Андреј Ангеловски се занимава со фитнес, а Матеј Ангеловски е добитник на злато за Македонија во традиционално карате. Заедно одлучуваат да креираат иновативен производ со соодветен суплемент за секој кој спортува, воедно признаен од сите релевантни локални институции и поддржан од ФИТР.
Темите на кои разговараат заедно со Јована се:
✅ Како се создава иновација на прехрамбен производ
✅ Спорт и претприемништво
✅ Дали е добра идеја да почнете бизнис со вашиот брат/сестра