Ландо Норис од Мекларен и Шарл Леклер од Ферари беа најбрзи на тренинзите во Мелбурн, пред трката за Големата награда на Австралија во Формула 1.
Норис беше најбрз на првиот тренинг со резултат 1:18.564. Втор беше актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул, со заостанување од 0,018 секунди, а на тренинг го оштети подножјето на својот болид. Третото место го зазеде Џорџ Расел од Мерцедес со заостанување од 0,033 секунди.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер беше четврти, возачот на Ред Бул, Серхио Перез шести, Карлос Саинц од Ферари, кој се врати во натпреварувањето по операцијата на слепо црево, беше осми, а Луис Хамилтон од Мерцедес беше деветти.
Возачот на Вилијамс, Алекс Албон, удри во заштитниот ѕид во свиокот осум и го оштети болидот и не учествуваше на вториот тренинг, а доколку тимот не ја поправи шасијата на трката во Австралија, ќе вози само Логан Сарџент.
На вториот тренинг најбрз беше Леклер со 1:17.277 минути, втор беше Верстапен со 0.381 секунди, а трет Саинц со 0.430 секунди.
Возачите на Астон Мартин Ленс Строл и Фернандо Алонсо ги освоија четвртото и петтото место, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше шести.
Возачот на Ред Бул, Перез го освои осмото место, Норис беше деветти, а Хамилтон беше 18-ти.
Третиот тренинг се вози ноќта меѓу петок и сабота, квалификациите се закажани за сабота од 6 часот по средноевропско време, а трката за Големата награда на Австралија е во недела од 5 часот.