Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски изјави дека јавноста во европските земји, вклучително и во неговата земја, не е подготвена Украина да добие покана за НАТО и веднаш да добие гаранции за членство, бидејќи тоа би било „само покана“ за војна со Русија.
„Ако ја поканевме Украина и таа добие безбедносни гаранции, тоа ќе беше покана за војна со Русија. Се сомневам дека јавноста во повеќето европски земји, вклучително и Полска, би била подготвена на тоа“, вели Сикорски во интервјуто што денеска го објави весникот „Жечпосполита“.
Полскиот министер потсети дека кога НАТО ги покани Шведска и Финска во своите редови, истовремено објави дека гаранциите за нив важат веднаш, за да не се создаде преоден период.
„Колку што знам, нема планови на самитот на НАТО во јули да ја поканиме Украина во западната воена алијанса“, рече Сикорски.
Во интервју за чешките медиуми, Шикорски по средбите на шефовите на дипломатиите на членките на Вишеградската група во Прага изјави дека е задоволен бидејќи од своите колеги од Словачка и Унгарија дознал за конкретните детали кои ги поткрепуваат нивните изјави дека нема да испрати оружје или муниција во Украина.
„На мое изненадување, се согласивме дека руската инвазија е агресија и дека војната треба да заврши со повлекување на руските сили надвор од меѓународно признатите граници на Украина. Ние се разликуваме за тоа што да правиме со тој конфликт. Полска и Чешка се за колективно одвраќање на (рускиот претседател Владимир) Путин. Словачка и Унгарија веруваат дека треба да се води индивидуален дијалог со Путин“, рече за крај