Одложен мечот Северна Кореја – Јапонија: Домаќините се плашат од корона вирус

од Симе Стоиков
177 прегледи

Со натпреварите од второто коло од азиските квалификации за Светското првенство во четврток се отвори репрезентативниот прозорец.

Видовме големо изненадување, бидејќи Тајланд и одзеде бод на Јужна Кореја (1:1), а останатите натпревари поминаа според очекувањата.

Меѓу другите, на теренот беше и Северна Кореја, која не си ја „продаде“ лесно кожата, бидејќи Јапонија победи само со 1:0 во Токио со голот на Ао Танака.

Двете селекции според распоредот имаат меч од четвртото коло во Пјонгјанг неколку дена подоцна, но тој е одложен поради многу бизарна причина, страв од ширење на коронавирусот.

„Кјодо њуз“ објави дека Северна Кореја ја известила Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) за својата одлука да не се одржи натпреварот на нивно тло поради страв од ширење на заразни болести од Јапонија!

АФЦ соопшти дека натпреварот е одложен до понатамошно известување и дека се работи на изнаоѓање неутрален терен.

– Одлуката е донесена во договор со ФИФА и надлежните тела, таа доаѓа откако АФЦ на 20 март бил известен од Фудбалскиот сојуз на Северна Кореја за потребата поради неизбежни околности натпреварот да се премести на неутрално место – стои во соопштението.

Северна Кореја нема одиграно натпревар на домашен терен од 2019 година, пред глобалната пандемија на коронавирус.

Слични содржини