Голгетерот на Англија и Баерн (Минхен) Хари Кејн ќе ги пропушти двата натпревари на Англија против Бразил и Белгија. Капитенот на „Трите лава“ денеска ќе биде на трибините на „Вембли“ на мечот со Јужноамериканците, но потоа најверојатно ќе одлета назад во Германија каде ќе продолжи со лекувањето на повредата на зглобот што ја заработи на натпреварот со Дармштад. Тоа ќе им даде шанса или на Оли Воткинс или на Иван Тони да го предводат нападот на Англија против Бразил денеска.
Кол Палмер и Џордан Хендерсон исто така се во аут за денешниот натпревар, но има шанса да добијат минутажа против Белгија.
„Хари Кејн, Џордан Хендерсон и Кол Пламер нема да играат против Бразил. Би рекол дека Кол и Хендо имаат поголеми шанси да играат против Белгија од Хари, кој е сериозен знак прашалник“, изјави Саутгејт на својата вчерашна прес-конференција.
Ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака, исто така е надвор од тимот поради повреда.