Италијанската полиција ќе го зголеми степенот на будност пред претстојното празнување на Велигден, соопшто денеска италијанското Министерство за внатрешни работи по состанокот на Националниот комитет за јавен ред и безбедност, пренесува „Анса“.
Одлуката била донесена по анализата на националната безбедносна ситуацијата по терористичкиот напад во Москва во петокот.
„Во очекување на претстојните Велигденски празници, договорено е интензивирање на набљудувањето и на контролните активности од страна на полицијата,“ се вели во сооопштението во кое се посочува дека особено внимание ќе им се посвети на сите „чувствителни локации“ кои би можеле да бидат мета за терористите.
Меѓу тие локации се споменуваат верските објекти, особено синагогите. Амбасадите и големите транспортни јазли како железничките станици и аеродромите.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, посочи во саботата дека италијанската влада предупредила на ризикот од терористички напади во Русија претходно месецов.
Според регистерот на италијанското МНР, во Москва во моментот живеат 2.700 италијански државјани кои, преку италијанските дипломатски канцекларии, биле предупредени на почетокот на март да не учествуваат во настани со голем бројн луѓе во Москва бидејќи руската полиција уапсила припадници на џихадистичка терористиќка ќелија, па постои опасност од терористички напади во Москва.
Претходно во петокот вечерта, италијанската премиеркља Џорџа Мелони и претседателот Серџо Матарела го осудија терористичкиот напад во Москва како „неприфатлив“ и изразија целосна солидарност со лушето засегнати од трагедијата и нивните семејства.
„Борбата против сите форми на тероризам мора да биде заедничка обврска на целата меѓународна заедница,“ истакна Матарела.