Макрон му порача на Путин: Цинично е ако ја обвинуваш Украина

од Симе Стоиков
310 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сите знаци укажуваат на нападот врз концертната сала во близина на Москва, во кој загинаа 137 луѓе од страна на Исламската држава.

Тој во понеделникот и рече на Русија дека би било „цинично и контрапродуктивно“ да се обиде да ја обвини Украина за нападот.

Русија ги оспори тврдењата на САД и другите земји дека милитантната група Исламска држава го организирала нападот, обвинувајќи го Вашингтон дека ја покрива Украина.

„За оввој напад презеде одговорност Исламската држава и информациите со кои располагаме, нашите (разузнавачки) служби, како и нашите главни партнери, навистина укажуваат дека ентитетот Исламска држава го поттикнал овој напад“, рече Макрон.

„Мислам дека би било цинично и контрапродуктивно за самата Русија и за безбедноста на нејзините граѓани да го користат овој контекст за да се обидат да го свртат против Украина“, рече францускиот претседател.

Рускиот претседател Владимир Путин јавно не ја спомна исламистичката милитантна група во врска со напаѓачите, за кои рече дека се обидувале да побегнат во Украина.

Слични содржини