Актерката Салма Хајек не престанува да инспирира воздишки со своите објави на Инстаграм… Минатото лето покажа дека годините не и можат ништо, а дека летото доаѓа навести со нова објава која ја сподели на својот Инстаграм во саботата наутро.
Среде океан токму во моментот на зајдисонце, актерката позираше во плитко местејќи го костимот за капење, а со фотографијата ја откри својата одлична линија која одново и одново воодушевува.
„Секогаш помага да се има фотограф во семејството“, напиша таа и откри дека фотографијата ја направила нејзината 16-годишна ќерка Валентина Пино, која исто така има страст за фотографирање.
Покрај тоа што е вешт фотограф, Валентина веќе ги откри своите соништа да тргне по стапките на мајка си, па нејзините планови се насочени кон глумата и режијата.
„Секогаш помага да се има тоа тело“, напиша еден од нејзините обожаватели, шегувајќи се дека талентот за фотографирање на Валентина не е одговорен за ваквата фотографија, додека многумина и дадоа комплименти оставајќи коментари полни со убави зборови.
„Кралица на убавината“, „Ме оставаш без здив“, „Старееш како добро вино“, напишале под нејзината фотографија.
Популарната актерка сака да истакнува колку добро се чувствува во своите 50-ти години, а наскоро ќе можеме да ја видиме и во филмот „Without Blood“, кој го потпишува Анџелина Џоли, но за кој се уште не се знае многу.
Актерките беа видени заедно кон крајот на август како излегуваат од ресторанот „The Nice Guy“ во Холивуд, придружувани од синот на Анџелина Џоли.
Салма Хајек моментално ужива на одмор со сопругот Франсоа-Анри Пино, француски милијардер со кој е во брак од 2009 година, а Валентина е нивното единствено заедничко дете.