По 30 години, Хју Грант повторно глуми со Кејт Винслет, но овој пат не му било лесно

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Благодарение на креаторот на хитот „Succession“ Вил Трејси, HBO има уште еден хит во ракавот. Станува збор за мрачна политичка сатира „The Regime“, во која ја следиме приказната за една авторитарна земја и нејзиниот опасен владетел, во која главните улоги ги играат „отровната канцеларка“ Елена Вернам (Кејт Винслет) и поранешниот канцелар, сега затвореник, Ед Кеплингер (Хју Грант).

Ова не беше прва соработка за нив двајца, бидејќи пред 30 години заедно ја снимија адаптацијата на романот на Џејн Остин „Sense and Sensibility“. Но, оттогаш тие немаа можност да соработуваат.

„Речиси не сум ја видел во изминатите 30 години, откако го снимавме „Sense and Sensibility“. Сега бев малку исплашен од неа“, рече Грант во големото интервју за IndiWire и додаде: „Мислам, Господе, таа има речиси 400 Оскари и сите ја сакаат“.

Вистината е дека Винслет има добиено само еден Оскар за улогата во филмот „The Reader“ од 2008 година. Но, ниту самиот Грант не е „за фрлање“ во однос на неговата популарност. Сепак, како што рече, тој фактор на заплашување си го направил своето.

За него оваа можност да глуми рамо до рамо со Винслет беше како искуството што го имаше кога се појави со Мерил Стрип во филмот „Florence Foster Jenkins“, а потоа и со Никол Кидман во серијата „The Undoing“.

„Многу се плашам од тие жени, така што беше само прашање да се обидам да го задржам мојот крај. Кога Елена ќе дојде во ќелијата на Ед, знам дека ќе ме претепа затоа што тоа го прави кога е нерасположена, но јас морам да се обидам да останам учтив заради моето добро, но и заради моето семејство. И тогаш на половина пат низ сцената едноставно не можам повеќе да издржам и да посегнам по неа. Посегнуваме еден по друг. Тоа беше многу забавно“, вели Грант, додавајќи дека сака да работи со Стивен Фрирс, бидејќи секогаш му испраќа одлични сценарија, а и самиот сака да глуми комплицирани, дволични, а понекогаш и нарцисоидни луѓе.

Слични содржини