Кина започна спор против САД

од Симе Стоиков
180 прегледи

Кина поднесе спор со САД во Светската трговска организација (ВТО) поради „дискриминаторските“ субвенции за производство на електрични автомобили, соопшти кинескиот комитет пи ВТО. Кина покрена постапка пред ВТО поради „фундаментално дискриминаторски субвенции“ во американскиот Закон за намалување на инфлацијата (ИРА), што, како што тврдат, резултираше со исклучување од американскиот пазар на стоки од Кина и другите членки на ВТО.

„Под маската на одговор на климатските промени, намалување на емисиите на јаглерод и заштита на животната средина, (овие субвенции) всушност се условени со купување и користење на стоки од САД или увоз од одредени региони“, рече кинескиот комитет при ВТО. .

Кинеското Министерство за трговија го повикува Вашингтон „веднаш да ги коригира дискриминаторските индустриски политики и да ја зачува стабилноста на глобалните индустриски и синџири за снабдување со нови енергетски возила“, рече портпаролката на Министерството во Пекинг.

Кинескиот одбор соопшти дека го започнува случајот на ВТО „за да ги заштити легитимните интереси на кинеската индустрија за електрични возила и да ја зачува еднаквата конкуренција на глобалниот пазар“. Претставник на ВТО потврди дека го добиле барањето на Кина за консултации на оваа тема, без да даде детали.

Канцеларијата на американското Министерство за трговија не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за потегот на Кина.

По жалбата, ВТО формира тело за решавање на спорот и обично донесува одлука за шест месеци, а честопати трае подолго. Доколку ВТО пресуди во корист на Кина, Вашингтон може да поднесе жалба и да го искористи правниот вакуум што постои од декември 2019 година поради противењето на Вашингтон на назначувањето судии во главната жалбена комисија на ВТО.

САД бараат реформа на тоа тело, тврдејќи дека ги надминува своите овластувања, а започнати се преговори кои наидуваат на бројни пречки, забележува Ројтерс.

Слични содржини