269
Секретарот на Советот за национална безбедност на Русија, Николај Патрушев и покрај веродостојните тврдења на исламистичките терористи, ја обвини Украина за нападот во близина на Москва минатиот петок.
Според руските медиуми, на прашањето на новинарите дали терористичката организација Исламска држава или Украина стои зад нападот на концертната сала „Крокус“, во кој загинаа најмалку 139 лица, Патрушев одговори:
„Украина, се разбира“, пренесе ДПА притоа тој не објасни како дошол до оваа проценка.
Исламска држава веќе неколку пати ја презеде одговорноста за нападот во Москва, а емитуваше и фотографии и снимки од извршителите кои веќе се во притвор.