Ачерби без казна, нема докази за расизам

од Симе Стоиков
215 прегледи

Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, во вторникот беше ослободен од обвиненијата за расизам поради недостиг на докази.

По истрагата, Италијанската фудбалска федерација го достави целиот случај до лигашкиот суд, а Франческо Ачерби беше обвинет за расна навреда на Хуан Жесус на натпреварот со Наполи.

Судијата Џерарод Мастрандеа во образложението на својата одлука наведе дека постапката е прекината поради „немање барем минимално релевантни докази дека се случиле навреди и дискриминација“.

Ачерби мина без кзана, иако поради обвинувања за расизам не беше повикан во репрезентацијата на оваа пауза.

Наводниот инцидент се случил на натпревар во Серија А во кој Интер и Наполи одиграле 1:1.

Дефанзивецот на Наполи изјави дека Ачерби му се извинил, иако Ачерби цело време тврди дека не го направил тоа за што го обвинуваат.

Слични содржини