Британската војска не би издржале војна со Русија подолго од два месеца

Шапс, исто така, им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со дронови поради фактот дека тие се „смртоносни“, но евтини.

од Бети Божиноска
253 прегледи

Британската армија би можела да издржи само два месеци во борбите со руската армија во случај на потенцијален конфликт, пишува „Телеграф“ повикувајќи се на британски воени претставници.

Заменик-началникот на британскиот Генералштаб, генерал-полковник сер Роб Магован рече дека вооружените сили ќе мора да се справат со „оперативниот ризик“ што доаѓа произлегува од немањето ресурси што тој би ги сакал за идните војни. Ова доаѓа откако секретарот за одбрана, Грент Шапс, им рече на пратениците дека лобирал кај Риши Сунак и Џереми Хант за повеќе пари за одбраната во неодамнешниот буџет, но не успеал да обезбеди зголемување.

„Кога поранешниот државен потсекретар за армија Марк Франсоа праша: „Британија нема да издржи повеќе од два месеци во сеопфатен конфликт со Русија бидејќи немаме резерви на муниција и оружје, тоа е вистина, нели? Маговен одговори потврдно“, се наведува во статијата.

Ова доаѓа откако критички настроената истрага на Комитетот за одбрана на Британскиот парламент покажа дека „сè повеќе пренатрупаните“ британски вооружени сили  не се подготвени за војна со Русија. Истрагата посочи дека дека владата „никогаш нема да постигне воена или стратешка подготвеност“ без итни реформи за да се надмине кризата со регрутирање и драматично зголемување на залихите од оружје и муниција во Британија.

Шапс, исто така, им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со дронови поради фактот дека тие се „смртоносни“, но евтини.

„Оваа (украинската] е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повеќе нема да видиме војна во која дроновите не се вклучени во голема,“ рече тој.

Минатиот месец, Обединетото Кралство објави дека заедно со Латвија ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници дронови-камикази во Украина во услови на зголемен недостиг на муниција на фронтот. Како дел од планот, ќе бидат вклучени западните производители за да создадат ФПВ (first person-view) дронови што украинските воени лидери ги пофалија како пресвртница во војната со Русија.

Слични содржини