Профитот на BYD во 2023 година се зголеми за 80,7%

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Во 2023 година, профитот на кинескиот производител на електрични возила BYD се зголеми за 80,7 отсто на 30,04 милијарди кинески јуани, односно на околу 2,12 милијарди евра.

Резултатите за четвртиот квартал од 2023 година покажуваат дека профитот на компанијата се зголемил за 18,6 отсто на годишно ниво на 8,67 милијарди јуани, што претставува најбавен годишен раст од првиот квартал на 2022 година, пренесе Ројтерс.

Продажбата на електрични возила малку забави на крајот на минатата година поради „ценовната војна“ меѓу најголемите светски производители.

Слични содржини