Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе не успеа да се запише во листата на стрелците во победата на „триколорите“ над Чиле (3:2), но натпреварот одигран на „Веледром“ ќе остане запишан со златни букви во неговата кариера.
Имено, фудбалерот на ПСЖ учествуваше во вториот гол на домашната екипа кога во 19. минута асистираше на Фофана и на тој начин успеа да го престигне легендарниот Зинедин Зидан на вечната листа на најдобри асистенции во историјата на овој тим.
За него тоа беше 27 асистенција во националниот дрес, додека Зизу има 26, а сега стигна до втората позиција која ја дели со уште една легенда на францускиот фудбал – Тиери Анри.
На првата позиција во оваа статистичка категорија во изборот на поранешни светски шампиони и актуелни вицешампиони на планетата е Антоан Гризман, кој 30 пати им асистираше на соиграчите да постигнат гол.
Сепак, напаѓачот на Атлетико Мадрид не само што е осум години постар од првотимецот на ПСЖ, туку има одиграно и 51 натпревар повеќе од Мбапе. Гризман на овој собир на репрезентацијата ја прекина серијата од 84 последователни натпревари за националниот тим, додека напаѓачот на „светците“ одигра само 76 вкупно и нема сомнеж дека доколку продолжи вака, многу брзо ќе го престигне својот соиграч.
На врвот на листата на француски стрелци е и Мбапе, каде што ја зазема третата позиција со 46 постигнати голови, а пред него се само Тиери Анри со 51 и Оливие Жиру, кој постигнал 56 голови за националниот тим.