Стивен Џерард: Жалам што не играв за Мурињо, тој ќе ме направеше подобар

од Симе Стоиков
228 прегледи

Стивен Џерард гостуваше во подкастот „Five“ на Рио Фердинанд, а една од поинтересните приказни раскажана во оваа емисија е за Жозе Мурињо. Џерард вели дека жали што Мурињо никогаш не бил негов тренер.

„Го сакам како менаџер и како личност. Имавме „врска на далечина“ со години. Но, жалам што не играв за него. И како личност и како тренер мислам дека тоа би ме направило подобар играч. И знам дека ќе додадев неколку трофеи на мојата „сметка““, рече Џерард во подкастот на Фердинандо.

По таа „ноќ во Истанбул“ и победата на Ливерпул во Лигата на шампионите во 2005 година, многу се зборуваше дека Џерард би можел да биде токму она што го сака Мурињо во неговиот тим и во средниот ред на Челзи со кој раководеше во тоа време. Но, тоа никогаш не се случи.

„Но, гледајќи наназад од оваа перспектива, не жалам што не потпишав за Челзи, воопшто не жалам поради тоа. Среќен сум со одлуките што ги донесов“, додаде Џерард.

Слични содржини