САД потрошиле најмали 113 милијарди долари на војата во Украина, Пентагон бара уште 10

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства

од Бети Божиноска
203 прегледи

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но, според проценките на Пентагон, таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, пренесува „Фокс њуз“

„Фокс њуз“ лани восептември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до кои имал пристан „Фокс њуз“,САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев.

Покрај дополнителните пакети за финансирање, Јанг вели дека „од редовните средства“, Стејт департментот и УСАИД обезбедиле 145 милиони долари и 189 милиони долари во фискалната 2022 и фискалната 2023 година. Средствата биле наменети за „основни активности како што се глобалното здравје, како и финансирањето на тековните операции на амбасадата“.

Јанг, исто така, откри дека државата и УСАИД „репрограмирале приближно 350 милиони долари во ребалансите на буџетот од претходната година за поддршка на Украина“.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана побара од Конгресот дополнителни 10 милијарди долари за кои вели дека се потребни за да се надополнат залихите на она што веќе е испратено во Украина.

„Потребни се повеже 10 милијарди долари дополнително финансирање за да се надополнат преостанатите залихи и услуги на Министерството за одбрана кои се повлечени за Украина, но сè уште не се заменети“, изјави портпаролот на Пентагон.

Слични содржини