Педри и Де Јонг се враќаат за ПСЖ

од Симе Стоиков
160 прегледи

Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на натпреварот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз, објави Мундо Депортиво.

Според информациите, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе започне и со тренинзи. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за првиот натпревар.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Барселона ќе се одигра на 10 април од 21 часот во Париз.

Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблеми со повреди на мускулот и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар на Барселона против Лас Палмас. Тој дуел е закажан за в сабота во Барселона.

Слични содржини