707
Пред еден час на социјалната мрежа Инстаграм се огласи Милош Илиќ, татко на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2) од Бор, по кое се трага од вторникот.
Имено, тој објави фотографија од исчезнатата ќерка Данка и стави емотикони со споени раце кои ја симболизираат молитвата.
Со тоа тој порача да се молиме и да се надеваме на радосни вести.
Како што е веќе познато Данка Илиќ последен пат е видена во вторник околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле.
Таткото пред два дена се огласи и на Фејсбук кога испрати порака:
– Злато таткино, тато ќе те најде! Свете мој мал! – напиша Милош Илиќ на својот Фејсбук профил, каде објави и фотографија од својата ќерка.