„Колку државата повеќе проценти дотира во системот за пензиско, толку системот е понестабилен. Во 2017година кога дојде СДСМ на власт дефицитот во пензискиот фонд беше 48%. Сега 2024 во март, тој дефицит е намален на 32,5%, значи од една страна се зголемуваат приходите во фондот за пензиско и можеме со ваков дефицит да кажеме дека имаме стабилност со тренд на постојано намалување на овој дефицит, и тоа е целта дефицитот да не се зголемува туку напротив да ги зголемуваме приходите на фондот и да се намалува тој дефицит,“ рече Јованка Тренчевска, дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика и носителка на листа на ИЕ 4 на СДСМ, во Дневникот на ТВ Сител во врска со дефицитот на пензискиот систем.
Таа во врска со изјавата на ВМРО-ДПМНЕ за линерано зголемување на пензиите од 5000 денари, преку кратење на непродуктивните трошоци рече дека воопшто не се работи за непродуктивни трошоци, дека тоа и досега се правело.
„Проблемот е како ние да го зголемиме приходот на фондот за пензиско и инвалидско осигурување? Не е да кратиме, кратиме и ние овде. Не, како ќе ги зголемат ДПМНЕ придонесите, не се работи за кратење на непродуктивните трошоци. Тие непродуктивни трошоци нема да го намалат дефицитот во фондот за пензиско, само зголемувањето,“рече Тренчевска.
Таа посочи дека зголемувањето на дефицитот на фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе донесе крах.
„Со тие мерки ние можеме да го качиме дефицитот и на 60%, а 60% дефинитивно не е добро за системот, предизвикува нестабилност и ќе се доведеме во ситуација, еден момент да не можеме да собереме 8 или 9 милијарди денари за да исплатиме пензии или ќе ги исплаќаме пензиите повторно како што се исплаќаа на времето, на рати, неколку групи, што зборуваше тогаш за нестабилноста. Исплаќањето на секој први зборува дека го одржуваме фондот за пензиско и инвалидско осигурување стабилен и ниту Светска банка нема да дозволи зголемување линеарно на пензиите со вакво зголемување на дефицитот,“ рече Тренчевска.