„ИМА МНОГУ ЧУДНИ НЕШТА“: Сосед за настаните пред исчезнувањето на малата Данка

од Nikola Popovski
336 прегледи

Пет дена во Бањско поле, а ни трага од малата Данка Илиќ (2) од Србија. Во денешната потрага се вклучиле и хеликоптери, што дополнително ги загрижило мештаните, но ниту еден жител на Бањско Поље не се сомнева во едно.

-Нема шанси да се работи за киднапирање на дете, едноставно е невозможно толку многу случајности на едно место. Притоа, ова е мирен крај, можете да излезете на улица во секое време и ништо нема да ви се случи. Сите се сомневаме во две можности: или детето е веќе далеку од овде или, за жал, непотребно се надеваме дека има шанси потрагата да заврши среќно, изјавила тамошна жителка за српските медиуми.

На pрвиот ден од потрагата по Данка биле вклучени мештаните и сите луѓе со добра волја кои сакале да помогнат, но голема е веројатноста, како што велат жителите, токму тоа да го сменило дискурсот на потрагата во Бањско Поље.

-Во желбата што побрзо да го најдеме детето, сите направивме мала грешка, но никој не помисли дека тоа може да произлезе. Помисливме – детето можеби некаде паднало, сите станавме на нозе да и помогнеме на полицијата, но еве веќе е петти ден, а детето го нема. Сега трагите ни се насекаде, но тоа го направивме со најдобра намера – споделил со српски „Курир“ сосед кој се уште е вознемирен од тоа што се влегува во петтиот ден од потрагата по девојчето.

Данка Илиќ беше пријавена за исчезната на 27 март околу 13 часот и 45 минути, но за жал се уште нема јасни информации за судбината на детето. Приоритет е детето да се најде живо и здраво, а со таа мисла последниве денови се буди секој човек во Србија и околните земји, со оглед на тоа што силно одекна веста за исчезнувањето на девојчето.

– Најважно е детето да се најде живо и здраво, но не можеме сега никого да судиме. Единствено важно е дека детето физички не е тука и целиот фокус мора да биде на тоа за да се разреши. Но, има многу чудни работи, како точно се се случило се кога мајката дошла на овие простори после толку години. Во исто време, соседот кој го возел контроверзното зелено „пунто“ го видел детето околу 10.00 часот веднаш до оваа куќа која се наоѓа на неколку метри од фармата на која била со нејзините мајка и брат. Меѓутоа, човекот мислел дека тоа е внукот на овој сосед чија куќа е, па затоа само продолжил понатаму. Од друга страна, нема шанси детето само да стигнало до тој дел од патот, двегодишно дете нема голем чекор самото да стигне до таму, изјавил друг сосед.

Слични содржини