Вучиќ го соопшти името на мандатарот на новата српска Влада

од Nikola Popovski
374 прегледи

Мандатот за состав на новата српска влада ќе биде Милош Вучевиќ од Српската напредна партија, објавил претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„На Народното собрание на Република Србија, му го предлагам Милош Вучевиќ за кандидат за премиер на Република Србија“, напишал Вучиќ на Инстаграм.

Вучевиќ досега ја извршувал функцијата министер за одбрана, а претходно бил и градоначалник на Нови Сад.

Тој го наследил Вучиќ на функцијата претседател на СНС, а на таа функција бил избран во мај минатата година, додека на премиерската функција ќе ја наследи Ана Брнабиќ, која сега е претседател на српското Собрание.

Парламентарните избори се одржаа на 17 декември 2023 година, а коалицијата собрана околу Српската напредна партија освои 46,75 отсто од гласовите. Партијата на изборите излезе со листата „Србија не смее да застане – Александар Вучиќ“.

Слични содржини