Ахмети и Села го потпишаа коалицискиот договор

од Nikola Popovski
279 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и екс-лидерот на АА и предводник на едното од двете поделени крила на партијата, Зијадин Села потпишаа коалициски договор за изборите што ќе се одржат во мај. Церемонијата на потпишување на договорот се одржа во Гостивар.

Во својот говор, обраќајќи им се на насобраните и коалиционите партнери, Ахмети рече дека „тој им е брат од 2001 година, кога ја водеше војната, како врховен командант на Ослободителната национална армија и додаде дека и сега може да се смета за нивен голем брат“.

„Бев помал брат во 2001 година, денес сум поголем брат и никогаш не се сомневајте дека сме рамо до рамо“, рекол Ахмети.

Претседателот на ДУИ се присетил и на еден од најистакнатите албански политичари во земјава, Арбен Џафери.

„Не можам а да не се сетам на мојата прва средба за време на војната со Арбен Џафери. Човекот што посредуваше. ми рече дека Џафери е патриот и само тоа хо слушнав. Во нашата историја го изгубив разумот, бидејќи Албанците не знаеја како да се приклучат во историските моменти и затоа сме разделени низ цел Западен Балкан“, кажал Ахмети.

Села во својот говор истакнал дека оваа соработка „е доверба за патување во Европа и САД, за доброто на Албанците, за реализација на сите проекти кои Албанците ги заслужуваат“. Тој нагласил дека оваа коалиција не е против никого.

„Европскиот фронт“ кој го сочинуваат главно албански партии, главната борба ќе ја има во албанскиот политички блок. Нивниот противник е друга коалиција составена од албански партии, коалицијата „ВРЕДИ“ на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, Демократското движење на Изет Меџити, Движењето Беса на Биљал Касами, Алтернатива на Африм Гаши и претставници на косовската Самоопределување.

Во април и мај се одржуваат претседателски избори, чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори. Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4 април и ќе трае до 22 април кога ќе започне изборниот молк кој ќе трае до 24 април. Кампањата за парламентарните избори ќе започне на 18 април и ќе трае до 6 мај.

Слични содржини