Зајкова: Младински центри во секоја општина, за младите да имаат услови за дружење, размена на идеи и организирано дејствување

од Nikola Popovski
207 прегледи

„Здрава младина, млади генерации со свој став, гласни и одлучни за своите права. Тоа е нашата цел, затоа предвидуваме отворање на младински центри во секоја општина, што на младите ќе им обезбеди услови за дружење, размена на идеи и искуства, но и организирано дејствување“ рече претседателката на ЛДП и коносителка на листата во ИЕ1 од Коалицијата за европска иднина, Моника Зајкова на промоцијата на програмата „Програма за европска иднина“.

Таа додаде дека клучот за младите да гледаат потенцијал во својата земја и да го развиваат претприемачкиот дух покрај стимулирањето на младинското претприемништво, треба да имаат и правна сигурност и силна економија.

„Зелената агенда останува врвен приоритет, бидејќи тоа е еден од предусловите за квалитетен живот во Македонија“ рече Зајкова.

Таа додаде дека за безбедни граѓани, мора да се обезбеди и благосостојба за животните, односно решавање на проблемот со бездомните животни преку обезбедување на систем на одговорно сопствеништво и изградба Национално прифатилиште по европски стандарди.

Слични содржини