Чупеска: Тешко дека некој ќе може да формира анти ЕУ или анти НАТО влада

од Nikola Popovski
281 прегледи

Универзитетската професорка Ана Чупеска во својата најнова колумна пишува за очекувањата од изборниот процес за парламентарните избори. Според неа, по изборите невозможно е некој да создаде влада која ќе биде анти НАТО и анти ЕУ настроена.

„Владата ќе мора да биде составена само и исклучиво од субјекти со јасен план за влез во ЕУ што носи раст и развој, повисок стандард, повеќе демократија, посилна борба со корупција/криминал. Затоа не верувам, дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да состави оригинална про-европска влада, поготово не, доколку не успее да се ослободи од субверзивните елементи во своите редови. А бидејќи Жмиц нема таква снага (или не сака да има?!) поверојатно е дека про-еу влада ќе се формира и истата ќе мора да ни овозможи членство во ЕУ до 2030. Под услов, нели, да оствари еден предаторски јасен план за радикални реформи во однос на владеење на правото и се што тоа го #повлеквиТ. Во такви услови, овие претставниците на анахроноста, пак ќе бидат насочени кон удобноста на комотната критика, тролањата, ботирања, а без никакви решенија, без конкретен план, и повторно нема да имаат никаква одговорност. И токму тоа не ми се допаѓа … Потребата повторно за вечна ескупација од одговорност“ пишува Чупеска.

Таа смета дека на изборите ќе се одлучува дали државата ќе стане членка на ЕУ до 2030 година или не.

„Најпосле, сега иако изборите се чинат навистина тешки; мора и ние како граѓани да се справиме со себе и со донесувањето на тешки одлуки. На претстојните избори се одлучува имено дали земјава ќе влезе во ЕУ до 2030 или ќе се загрози иднината на најмалку уште една цела генерација! Исто, мора да сме свесни, како гласачи, дека со НАТО, безбедноста на МКД е гарантирана, и дека тие што заговараат излегување од НАТО, имаат намера да не втурнат во зона на загрозување на стабилноста и безбедноста на земјата. Конечно, треба да сме среќни што сега изборниот процес не е во услови организирани од “Миле ми Текна” , или по принципот на “Гаси Лифтови” или “А да направиме мала војна”….Сега навистина, мора да си бидеме одговорни пред себе и сопствената иднина , кога веќе можеме во нормални услови да одлучуваме токму за себе, односно можеме нормално да гласаме: верувам, за извесна иднина“, вели Чупеска во својата колумна.

Слични содржини