Луис Енрике за одлуката повторно да го замени Mбапе: Секоја недела истата музика

од Симе Стоиков
179 прегледи

Фудбалерите на Пари Сен Жермен синоќа го победија Олимпик во Марсеј со 2:0, во големото дерби од француската Лига 1.

Н во главна улога повторно не беше Килијан Мбапе. Тој беше заменет во 64. минута, а тренерот на тимот од Париз, Луис Енрике повторно мораше да одговара на прашања од пресот во врска со замената на еден од најдобрите играчи во светот.

„Луѓето не се согласуваат со мојата одлука, не ми е гајле. Истата музика секоја недела, истото… Досадно е. Јас сум менаџер, донесувам одлуки секоја недела. Давам се од себе за ПСЖ. Ќе го правам тоа до последниот ден во Париз“, рече Енрике.

Од последните седум натпревари на ПСЖ, првата ѕвезда на клубот заврши само еден до крајот на мечот. Пари Сен Жермен е убедлив лидер на табелата и е блиску до новата шампионска титула на Франција.

Слични содржини