Албанската влада ќе формира комисија против странско влијание и дезинформации

Не се дадени дополнителни информации за комисијта, за заканите што ги согледала владата или за тоа какви мерки би можеле да бидат оптек за решавање на таквите проблеми.

од Бети Божиноска
225 прегледи

Албанската влада најави денеска дека планира да формира специјална парламентарна комисија за борба против странското мешање и дезинформации во јавната сфера, изјави министерот за внатрешни работи Бледи Чучи, пренесува „Еурактив“.

Според најавата на Чучи, владејачката Социјалистичка партија ќе поднесе до претседателот на Собранието барање за формирање тело кое „ќе спроведе холистички и долгорочен пристап за справување со странското мешање во демократските процеси во Албанија“.

Тој посочи дека ова странско мешање може да вклучува традиционални и кампањи за дезинформацја на социјалните мрежи за да се влијае на јавното мислење, директна и индиректна финансиска поддршка на дезинформирањето, економска уцена на јавните актери, како и манипулација со граѓанското општество.

Во најавата понатаму се вели дека иницијативата произлегува од посветеноста на Албанија на Меморандумот за разбирање од 15 февруари 2024 година меѓу Албанија и САД за справување со манипулацијата со информации од странски државни актери, Тиранската декларација од од 28 февруари 2024 година од Самитот Украина-Југоисточна Европа , и н препораките на ЕУ за „продолжување на напорите за затворање на просторот за странско мешање и манипулација со информациите“.

Не се дадени дополнителни информации за комисијта, за заканите што ги согледала владата или за тоа какви мерки би можеле да бидат оптек за решавање на таквите проблеми. Дополнително, нема најава дали албанската влада планира да поднесе предлог-закон или некаква законска регулатива во однос на комисијата.

Слични содржини