КФОР ја отстрани бодликава жица во Лепосавиќ

Општинската зграда беше оградена откако албанскиот градоначалник ја презеде функцијата претседател на општина Лепосавиќ.

од Бети Божиноска
208 прегледи

Припадниците на КФОР денеска ги отстранија остатоците од бодликавата жица што беше поставена околу општинската зграда во Лепосавиќ по стапувањето на функција на албанскиот градоначалник Љулзим Хетеми, пренесува „Косово онлајн“.

Американски војници од КФОР попладнето ја однеле бодликавата жица во камион, јавува дописникот на „Танјуг“. Претходно, во јануари беше отстранета и металната ограда што го оградуваше просторот пред општинската зграда.

Општинската зграда беше оградена откако албанскиот градоначалник ја презеде функцијата претседател на општина Лепосавиќ.

Кон крајот на мај минатата година, војниците на КФОР дежураа на платото, а околу нив и зградата беше поставена метална ограда обвиткана со бодликава жица веднаш откако Хетеми влезе во зградата со помош на специјалните единици на косовската полиција.

Слични содржини