Какви бенефиции имаат вработените во Алкалоид?

од Nikola Popovski
413 прегледи

„Алкалоид“ АД – Скопје, компанија која брои 2.155 вработени во земјата и 688 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија, е една од најпосакуваните работодавачи во Македонија.

Таа е позната и по големите бенефиции кои им ги нудат на вработените. Од Алкалоид велат дека на своите вработени секогаш се трудат да им обезбедат постојано подобрување на работното опкружување за да се чуствуваат ценето и вреднувано.

Еве за какви бенефиции се работи:

* Обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување со вклучени дополнителни превентивни здравствени прегледи и посебни поволни услови за членовите на семејствата на вработените

* Организиран превоз за дел од вработените на нај фрекфентната локација на нашата компанија

* Бенефиции за деца на вработените – субвенциониран износ за вон школски активности на децата

* Новогодишен линеарен надоместок за секој вработен

* Исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум на ниво над последно објавената просечно исплатена плата во тромесечие

* Награди за вработените за лојалност и награди согласно правилникот за наградување

* Дополнителни надоместоци согласно вклученост во успешно завршени интерни проекти

* Годишен пораст на плата за сите вработени согласно економски показатели и инфлација

* Годишен наменски буџет за едукации и стручни доусовршувања на вработените

* Редовни тим билдинзи на сите организациски единици

* Можности за кариерен развој на вертикално и хоризонтално ниво преку различни програми на ниво на компанија

* Тренинг центар со тренинг лабораторија, наменети за едукација на вработени, како и студенти и ученици од програмата за млади таленти на Алкалоид АД Скопје

* Обезбедени најсовремени мерки и континуирано инвестирање во заштитата и безбедноста на здравјето на вработените

* Обезбеден избор на храна за вработените во објектите каде имаме организирана исхрана, а за вработените што не користат организирана исхрана доделен соодветен паричен надоместок за хранарина

* Редовно мерење на задоволството на вработените и имплементација на побараните предлог мерки од истото

* За членовите на синдикалната организација при Алкалоид АД Скопје овозможено плаќање на рати во десетици компании и повластени ценовни политики

* Подароци за секое новороденче на вработен од компанијата

* Новогодишни пакетчиња за децата на вработени;

* Спортски активности – бесплатно користење на спортски сали во одредени термини

* Кафетерија во рамки на компанијата

* Обезбеден паркинг за велосипеди и мопеди

* Во услови на корона обезбедени тестирања од страна на компанијата и нај високо ниво на заштита во работните простории

Слични содржини