250
Утрово дошло до пукање во Загреб во кое е убиена жена. Потоа во друг дел од градот било пронајдено тело на уште една жена.
„Телото на уште една жена е пронајдено на загрепска Трешњевца“ соопшти полицијата притоа наведуваат дека истрагата е во тек, а дека смртта на жената е последица на кривично дело.
Покрај тоа, рано утринава во пукотница е убиена друга жена.
„Денеска, 5 април, околу 07:25 часот во месноста Максимир, маж испукал истрел од огнено оружје во стан при што повредил член на семејството. Полициски службеници ја извлекле повредената жена од станот, и била укажана лекарска помош. Осомничените се под полициски надзор“, соопштија од полицијата.
Како што подоцна информираа од загрепската полиција, жената не издржала и починала во болница.