Поднесено ново обвинение против Димитриевски

од Nikola Popovski
295 прегледи

Поднесено ново обвинение за кандидатот за претседател и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, овојпат за кривично дело „Неизвршување на судска одлука“. Засега не е познато кој му поднел кривична пријава, но според поканата ОЈО Куманово веќе отворило постапка.

-Притисоците не престануваат туку како и што очекував се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем, објави Димитриевски на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од поканата за давање изјава во Кумановското обвинителство.

Ова е второ обвинение за кумановскиот градоначалник по обвинението за злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинението го започнаа две правни лица, а случајот се однесува за изградба на станбени единици. Подносителите тврдат дека се оштетени за околу 2 милиони евра. Димитриевски смета дека случајот е монтиран, во пресрет на изборите.

Наредното рочиште за тој судски случај е закажано за 30-ти месецов.

Слични содржини