Украински генерал: Судбината на Украина е во прашање

од Симе Стоиков
426 прегледи

Олександр Пављук, командант на копнените сили на Украина, на Фејсбук ги повика Украинците да се приклучат на вооружените сили бидејќи „судбината на земјата е во прашање, што значи дека никој не може да остане на страна“.

„Колку повеќе Украинци ќе најдат храброст и ќе се приклучат во редовите на вооружените сили, толку помалку ќе има шанси Русија да ги спроведе своите крвожедни планови и толку побрзо украинските градови ќе продолжат со својот нормален и безбеден живот“, најави Пављук.

„Затоа, ги повикувам Украинците да ги остават своите емоции зад себе и да не подлегнуваат на провокации. Императив е да се разбере дека никој не може да остане на страна. Судбината на земјата, судбината на нашиот народ е во прашање“, објави украинскиот генерал.

Пављук цврсто верува дека „Русија нема да остави никого на мир: ниту оние што се криеја, ниту оние што ја предадоа Украина“.

„Сега е историскиот момент што ни го додели судбината. Или ќе ја браниме и зачуваме земјата или ќе исчезнеме како народ! Поддржете ги бранителите со збор и дело. Придружете се во редовите на вооружените сили на Украина. Кренете се за вашите семејството, вашиот дом, вашата иднина, нашата сила е во единството“, рече Пављук.

Тој додаде дека на украинските вооружени сили им требаат луѓе од различни профили: возачи, службеници, готвачи, градежници, ИТ специјалисти, сметководители, лекари и инженери. Да потсетиме, пред два дена украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика парламентот во наредните денови да го усвои предлог-законот за мобилизација.

Слични содржини