Јаник Синер од почетокот на оваа година е најдобар тенисер на АТП турнејата, поради што неодамна го престигна Карлос Алкараз за второто место на АТП листата.
Како што може да претпоставите, ова не е крајната цел на италијанскиот тенисер. Со постигнатите одлични резултати се зголеми и неговата самодоверба и најави дека има големи цели за во иднина.
„Свесен сум за важноста на фактот што сега на сите турнири ќе бидам второпласиран. Второто место на листата е голема сатисфакција, но тоа не е моја крајна цел. Целта ми е да ги освојам најважните титули. Сега најважно е да ја подигнам својата форма во наредните недели бидејќи претстојат важни натпревари, пред се Ролан Гарос и Олимпијадата“, рече Синер.
Има добри шанси да се претстави добро на Ролан Гарос и да го симне Ѓоковиќ од врвот на табелата бидејќи не брани многу бодови.